Туристички манифест

otvoranjeБраќа. сестри и мили комшии,

Денеска од слободно Крушево, пред споменикот Илинден, започува идејата за КРУШЕВО ЕТНО ГРАД, започнува новото, овојпат туристичко востание.

БРАЌА, Брзаме да Ви го честитаме востанието!

Денеска цело Крушево, заедно со цела Македонија, крева востание и вика ДОЛУ ТРАНЗИЦИЈАТА, ДА ЖИВЕЕ ТУРИСТИЧКО КРУШЕВО!

Нашите предци го прославија Крушево и ја создадоа првата република на Балканот.

Нашата генерација е таа која ќе го создаде ПРВИОТ ЕТНО ГРАД НА БАЛКАНОТ.

Овој пат борбата е да ги воздигнеме ИСТОРИСКИТЕ ВРЕДНОСТИ и да го развиеме туризмот.

Од денеска Градот Музеј е Театарска Сцена под отворено небо, од денеска Крушево ќе живее во амбиентот на 903, каде дуќаните, кафеаните, чаршијата ќе живеат во духот на минатото,а луѓето ќе мислат на подобра иднина.

Денска кога нашата Македонија има одлични односи со република Турција, може да промовираме и ваков културен и историски туризам каде и Турците, и комитите, и кодошите се на иста страна со една цел, привлекување на многу туристи.

Но ова не е се, ова е само почеток.

За неколку години овој проект ќе овозможи, Крушево да нема невработени, младите да не си одат од дома, туку напротив, туристите да доаѓаат тука.

Ве поздравувам, сите вас храбри јунаци кои сте денеска тука и ја подржавте  идејата за КРУШЕВО ЕТНО ГРАД.

Воедно ги охрабрувам сите, и сеирџии, и кодоши и дезертери да се приклучат кон нашето туристичко востание напорно да работат, бидејќи без нив нашата победа нема да биде толку голема и слатка.

Како крушевски локум...

Во ова наше востание нема место за партиски поделби, завист и неработници. За секој што знае и сака да работи ќе има место под ова наше ревулуционерно сонце, Важно е да си помагаме еден на друг зошто така придобивките од ова востние ќе трајат  уште 105 години.

Ова не е борба за фотељи, туку борба за полни кревети.

Затоа нашиот туристички манифест е повик до сите, без разлика на која партија, вера и нардност припаѓаат да се приклучат во нашата борба за туристи и обнувавње на Старо Крушево.

 Крушево покрај големите ревулуционери од минатото е и родното место на најсаканата лицности на  денешната поновата македонска историја .

Голема благодарност до министерство за култура кое го подржа овој проект и до БИТОЛСКИОТ РЕВОЛУЦИОНЕРЕН КОМИТЕТ - ЛОЗАР ПЕЛИСТЕРКА.

Во овој свечен момент, го повикувам почитуваниот Претседател на Република Македонија г-дин Горги Иванов и министерот за култура во Владата не Република Македонија, Г-ѓа Елизабета Канчевска заедно да го отворат манифестацијата Крушево Етно Град, симболично да ги пуштат белите гулаби кои ќе ја испратат пораката за која се бореа нашите Илинденци за мир љубов и правдина во светот.

А овојпат ја испраќаат пораката за туристичкото востание!

Туристички манифест '09

Браќа. Сестри и мили комшии,
Денеска од слободно Крушево, пред споменикот Илинден, започнува идејата за Крушево Етно Град, започнува новоото, овојпат туристичко востание.
Брзаме да Ви го честитаме, востанието.
Денеска цело Крушево, заедно со цела Македонија, крева востание и вика ДОЛУ ТРАНЗИЦИЈАТА, ДА ЖИВЕЕ ТУРИСТИЧКО КРУШЕВО.

Свечено отворање 2010

Facebook fanclub

facebook
krusevo-map
krusevo-map

Партнери

krusevo-header
kulturaheader_mk_MK
pelisterka-logo copy